ИРАН СО ОБВИНУВАЊЕ: Ријад не би гo убил Кашоги без заштита од Америка

0
528

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Саудиска Арабија не би да го убила новинарот Џамал ​​Кашоги без американска заштита, објави иранската агенција ИРНА.

“Никој не можеше да замисли дека во денешниов свет и во новиов век ќе бидеме сведоци на вакво организирано убиство. Сметам дека земјата немаше да се осуди да изврши ваков злочин без заштита од Америка”, истакнал тој.

Иран и Саудиска Арабија се регионални противници и ги поддржуваат спротивставените страни во конфликтите во Сирија и Јемен, како и разни политички фракции во Ирак и Либан.

Рохани истакна дека случајот не треба да се заташка заради економски интереси.

Решението за овој “ужасен криминал” е тест и за меѓународната заедница “дали се важни човекови права или профитите во милијарди”, нагласил Рохани.