Денеска од 18:00 часот во Големата сала на општина Охрид ќе се реализираат советувања и обука на производителите за производство на органска храна, согласно Г1 програмата за локален економски развој на општина Охрид за 2018-та година,
– Имајќи во вид дека органското производство е најбрзо растечки сектор во производството на храна во Европа и светот, целта на овие обуки е да се прикажат мерките за поддршка на производителите на органска храна што се предвидени во заедничките земјоделски политики на Република Македонија и европските фондови, како и давање на корисни упатства за правилата кои се однесуваат на органското производство, процес на контрола и сертификација на органското производство, согласно законот за органско производство и ЕУ регулативите, порачуваат организаторите.
Обуките опфаќаат три засебни области:
– Земјоделско и овоштарско производство,
– Сточарско производство,
– Пчеларско производство.
Обуките ќе ги одржи стручно лице од Про-Церт КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА ОКС.
Општина Охрид, ги поканува сите заинтересирани производители на земјоделски и овоштарски производи, сточарски производители и пчелари, претседатели и представници на месни заедници и рурални населби, млади земјоделци, производители на храна, граѓански и други организации да земат учество на обуките.
За повеќе информации јавете се на телефонот 046/262-492, локал 115. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива











