Како дел од активностите за развивање на стрип културата во Република Македонија, во Охрид и Струга ќе се организираат стрип изложби.
Ќе бидат изложени наградени стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес, како и стрип дела на македонски стрип автори од нивниот повеќегодишен опус, а во Струга ќе се изложат и стрип дела од автори од соседна Албанија, со кои СЦМ Велес има остварено плодна соработка.

Изложбата во Охрид е закажана за утре со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата во Струга ќе се одржи во петок, во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ – галерија Вангел Коџоман, со почеток во 18:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива











