Зараза се прошири во болница во САД: Починале шест деца

0
381

Шест деца починаа во болницата Wanaque Center во Њу Џерси, а уште 12 се заразени со аденовирус, објави Министерството за здравство, но необјави кога децата умреле или колку години имале.

Оваа болница ди понатаму нема да прима нови пациенти до понатамошни испитувања за тоа како се случила инфекцијата. Иследниците пристигнале во болницата во неделата и засега се откриени само “ситни пропусти во перење на рацете”, пренесува The New York Times.

Станува збор за специфичен вид на аденовирус, додадоа тие, што често предизвикуваблаги симптоми, особено кај помладите деца а во болницата најмногу настрадаа деца со ослабнет имунитет.

Извор:The New York Times