Подметната бомба пред домот на Џорџ Сорос

0
291

Експлозивна направа била пронајдена во понеделникот во поштенско сандаче пред домот на милијардерот Џорџ Сорос во Њујорк, објави “Њујорк тајмс”, повикувајќи се на полицијата.

Бомбата не експлодирала, а локалните техничари проактивно ја деактивирале.

Полицијата соопшти дека вработен во резиденцијата на Сорос го отворил пакетот и открил експлозивна направа, а потоа пакетот го однел во шумата и ја повикал полицијата.

ФБИ објави дека спроведува истрага и дека нема закани за јавната безбедност.

Џорџ Сорос во тоа време не бил дома.