ТУРЦИЈА / Вработени во Саудискиот конзулат снимени како палат документи после убиството на Кашоги

0
463

Турската телевизиска мрежа А Хабер објави видео на кое се гледа како вработени во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул палат документи еден ден по убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги.

Снмиките, наводно, биле забележани во околината на конзулот, во комплексот Левент во Истанбул, и прикажува три мажи како палат хартија во контејнер за ѓубре.

Потсетуваме, Кашоги исчезна на 2-ри октомври, откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Неколку дена од конзулатот, тврдеа дека не знаат каде се наоѓаше Кашоги, а потоа известија дека новинарот бил убиен во конфликт во конзулатот. За неговата смрт осомничени се 15 лица.

Во прилог на оваа снимка, CNN вчера објави снимки доставени до турските агенции за спроведување на законот, а на кои се гледа човек кој го напушта конзулатот ја носи облеката на Кашоги, притоа користејќи лажна брада и наочари. Утврдено е дека станува збор за Мустафа ал-Мадани кој припаѓа на групата одговорна за ликвидација на саудискиот новинар.

Извор:(Vijesti)