СЛУЧАЈ КАШОГИ: Ердоган денес планира да објави нешто големо, а шефицата на ЦИА веќе е во Турција

0
545

Турскиот претседател Ердоган во неделата рече дека денес, вторник ќе објави “целосна гола вистина” за случајот на Кашоги, а најавата на турските провладини медиуми сугерира дека Турција ќе продолжи да врши притисок врз Саудиска Арабија, особено кога станува збор за директната врска на Саудискиот принц Мохамед бин Салман со убиството на дисидентот Џамал ​​Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Сепак, непосредно пред најавената објава од страна на Ердоган, во Турција пристигна – никако случајно – шефицата на американската ЦИА, Џина Хаспел (прикажана погоре), а како тврдат американските извори, “да помогне во тековната истрага”. Помогнала или можеби всушност влијаела на тековната истрага?

Не случајно без врска, Ердоган рок за објавување го објави до вторник. Беше јасна порака до Соединетите Американски Држави да и понудат на Турција што имаат да понудат, за Турција малку да ги ублажи обвиненијата на сметка на американскиот сојузник во Ријад.

Јасно е дека Турција може, доколку сака, да објави компромитирачки снимки – за кои тврди дека има – ќе нанесе големи, можеби неповратни штети на американо-саудиските односи, но без разлика што би се случило, очигледно е дека Турција секој следен чекор ќе го повлече на начин во сопствен интерес и вистината за целиот случај.

Извори:cbsnews.com | aa.com.tr | Гардијан | Ројтерс