ИРАН: “Златниот султан“ сопственик на 2 тони злато, заради криминал осуден на смрт

0
728

Вахид Мазлум, ирански продавач и купувач на злато, познат под прекарот “Златен султан”, се обидел со шпекулации да создаде монопол на пазаро за злато, кој би му донел голем профит. Иранскиот суд пресуди и го осуди на смртната казна, објави Би-Би-Си.

Петнаесет лица биле процесирани во процесот кој започна на 17 септември оваа година. Вахид е обвинет за создавање на организирана група (мрежа) која на црниот пазар препродавала девизи и злато на црниот пазар. Вахид е обвинет за искористување на економската криза преку шпекулации кои ја оштетува иранската економија. Смртната казна е потврдена.

Златниот султан има 58 години. Неговото апсење беше објавено во јули годинава. Во текот на апсењето, полицајците во домот на Вахида Мазлумина пронашле 2 тони златници.

Иако смртната казна е многу нехуман чин во денешно време, не може да не се примети ефикасноста на иранските правосудни органи. Додека кај нас судските истраги и судења траат понеколку години, овој ирански случај е решен е само за три до четири месеци.

Извор: BBC