Турските власти веруваат дека телото на убиениот новинар Џамал Кашоги и изнесено од Турција и дека еден од телохранителите на саудискиот принц, престолонаследникот Мохамед бин Салман, го сторил тоа, изјавија извори за Middle East Eye..
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=41wj-5YKzkQ[/embedyt]
Се верува дека Махер Абдулазиз Мутриб, разузнувач кој се сомничи за вмешаност во убиството на саудискиот новинар, ги изнел деловите од телото во голема торба, изјавија извори.
Мутриб, кој често може да се види на патувањата со Бин Салман, го напуштил Истанбул на 2 октомври, откако Кашоги бил убиен и полетал од приватен авион во 18:20 часот.
Телото исечено на 15 делoви
Неговите торни не биле прегледане, бидејќи поминал низ ВИП ложата на аеродромот Ататурк, а ниту авионот не бил прегледан, бидејќи полетал пред да дознае за исчезнувањето на новинарот.
Вториот авион темелно бил пребаран, но ништо не било пронајдено, изјавија извори.
Мутриб, кој има дипломатски пасош, се чинеше дека се брза, додадоа тие.
Анонимните саудиски официјални лица изјавиле за медиумите дека телото било замотано во тепих и предадено на “локалните соработници” за да се ослободат од него.
Сепак, еден турски извор за Middle East Eye изјавил дека телото на новинарот е исечено на 15 дела и дека не било завиткано во тепих.
Турските власти сакаат да пронајдат барем дел од телото на Кашоги.
Обвинителот собрал доволно докази
Полицијата веќе неколку дена испитува одредени места, како Конзулатот и резиденцијата на генералниот конзул во Истанбул, кој ја напуштил Турција.
Следејќи го движењето на сомнителното комбе, истражувачите почнаа да прбаруваат шумски области во предградијата на Истанбул.
MEE тврди дека турскиот обвинител има собрано доволно докази за да го обвини убиството секого од 15-те членови на тимот кои пристигнале во Истанбул.
Сепак, се чека на пронаоѓање на телото, или барем дел од телото, пред да го објави својот извештај.
Саудиска Арабија соопшти дека Кашоги починал за време на “тепачка” во конзулатот и дека заради тоа уапсила 18 лица, но не ги призна тврдењата на Анкара дека новинарот бил мачен, убиен и распарчен, а неговото тело сокриено.
Неуверливо објаснување од Ријад
Ријад не ги призна тврдењата на провладините медиуми во Турција дека група од 15 лица била испратена од Саудиска Арабија во Истанбул за да го убијат Кашоги, кој последен пат беше виден на 2 октомври, влегувајќи во саудискиот конзулат да подигне документ за венчавка.
Бројни земји и меѓународни организации изразија сомневања за кредибилитетот на тврдењето на Ријад.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека вторникот ќе објави детали за турската истрага за смртта на Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.
They took your bodily presence from my world. But your beautiful laugh will remain in my soul forever. My darling #jkhashoggi #JamalKhashoggi#JusticeForJamal pic.twitter.com/vJOfhL6dEq
— Hatice Cengiz / خديجة (@mercan_resifi) October 20, 2018









