Воз на Тајван излетал од шините, 17 лица загинале

0
239

Во несреќа што се случи во североисточниот дел на Тајван, кога воз излетал од железничката пруга, 17 лица загинале, а 126 лица биле повредени, објавија официјални претставници во Тајван.

“Има 17 жртви кои загинаа на самото место и 126 лица беа повредени”, изјавил претставникот на железничката станица на која се случи несреќата, објави Ројтерс.

Тајванските официјални претставници соопштија дека екипите за вонредни ситуации биле на местото несреќата. Несреќата се случила во попладневните часови во областа на Јилан, и заради силата на излетување од железничката пруга, неколку вагони се превртеле на железничката станица популарна меѓу туристите.