Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган свечено ја отвори втората етапа од метро линијата во азискиот дел на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за метро-железницата Ускудар-Чекмекој-Санџактепе, со која патниците ќе патуваат со возови без возачи.
Ердоган изјави дека тој проект требало и порано да биде завршен, но дека се доцнело поради пролонгирање на археолошките ископувања во Ускудар и поради специфичните тестирања, со оглед на тоа дека се работи за метро без возачи.








