Прекин на извоз на Германско оружје за Саудиска Арабија?

0
308

Откако Саудиска Арабија го призна убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) бара повторно преиспитување на односите со таа земја, особено што се однесува до понатамошната испорака на оружје.

– После една таква незамислива постапка, односите со Саудиска Арабија треба да се преиспитаат- изјавила претседателката на СПД, Андреа Нахлес, додавајќи дека треба да уследат последици, објави Дојче Веле.

Слично на тоа, забележал и германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас од истата партија.

“Се додека истрагата е во тек, се додека не знаеме што се случило, нема причина да се донесат позитивни одлуки за извоз на оружје во Саудиска Арабија”, рекол тој.

Претседателот на парламентарниот комитет за надворешна политика (ЦДУ), Норберт Ротенген, дури бара и откажување на испораките кои се ветени, и предлага да се размисли за протерување на саудиските дипломати од Германија.

Таа ја повикува владата да изврши притисок врз германските бизнисмени да го откажат учеството на инвестициската конференција, која треба да се одржи следната недела во Саудиска Арабија.

И министерот Маас коментираше дека “сигурно нема да учествува на конференцијата во Ријад”.

Апсолутистичката монархија Саудиска Арабија, каде што не се одржуваат демократски избори и во кои нема политички партии, оба година е на второто место по вредност на купено оружје од Германија веднаш зад Алжир.

Продажбата на оружје во странство мора да биде одобрена од германската влада, а таа до 30 септември оваа година го одобри извозот во Саудиска Арабија во износ од 416,4 милиони евра.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)