Илјадници на улиците на Лондон, бараат нов референдум

0
556

Противниците на Брегзит се собраа во центарот на Лондон, барајќи нов референдум за идниот договор за излез на Британија од Европската унија.

Илјадници Британци дојдоа од различни делови на земјата со 150 автобуси пристигнале во Лондон, каде што протестираале пред Парламентот.

Член на Домот на лордовите лабуристот Труд Ендру Адонис изјавил дека “хаосот и конфузијата околу преговорите со ЕУ во врска Брегзит, ќе разоткрие дека и моментално најдобриот можен договор биде лош за Велика Британија“ .

“Гласачите нема ниту да опростат ниту да заборават ако пратениците дозволат продолжување на овој беден процес на Брегзит, без да им се дозволи на граѓаните да ги изразат своите ставови”, изјавил лордот Адонис.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ во 29 март 2019 година, ама преговорите за условно разидување сè уште не се завршени, поради несогласувањето меѓу двете страни за неколку прашања.