Актерката Милена Дравиќ денес беше погребана во “Алејата” на заслужни граѓани во Белград, а од неа се простија многу актери, режисери, семејства и пријатели, јави агенцијата Анадолу (АА).
После одржаното опело на Новата гробишта, актерот Воја Брајовиќ прочита “Трактат за Милена” кој на Милена Дравиќ и` го напиша режисерот и сценарист Душан Макавејев. Во тракто се вели дека таа ја сака камерата, ама и камерата ја сака неа, како и светлото, костимот, шминката, сценаристите, писателите, и луѓе од сите професии.
“Ја сакаат продуценти, режисери, Роми и милионери, Босански рудари, патријархи, оџи и кардинали. А особено по дождливото време, ја сакаат милиционерите, градинарите и аптекарите. Дури и ќебачиите, продавачите на чорапи и рекордери. Исто така и угостителите и молерите.Финансиерите кога нудат мали хонорари, многу се срамат, а филозофите не прашувај! Таква е ситуацијата. Како е можно? “, прочитал Брајовиќ.
Дека таа преминува кога ќе се појави “глупав режисер и глупав продуцент, како и калливиот партнер кој излегува од рамката”, продолжи Брајовиќ.
Дравиќ почина на 14 октомври во Клиничко-болничкиот центар Бежанијска коса на возраст од 79 години.
Таа е добитник на бројни награди, а публиката е запомната за нејзините улоги во бројни филмови и серии, меѓу кои “Битката кај Неретва”, “Хасанагиница”, “Сутјеска”, “Козара”, “Враќањето на отпишаните”, “Полицаецот од Петловото брдо” “Буре барут “Госпоѓица министерка”, “Луд, збунет, нормален” и многу други.











