ТУРЦИЈА: Отворена рафинеријата “СТАР“ инвестиција вредна 6,3 милијарди долари

0
1558

Во Алиага, во близина на Измир, Турција, денес свечено беше отворен мега инвестициски проект, “Rafinerija Star”, објави агенцијата Анадолу (АА).

Церемонијата на отворање се одржа под покровителство на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Гостин на отворањето беше и азербејџанскиот претседател Илхам Алијев.

Image may contain: 16 people, people smiling, people standing

Турскиот претседател Ердоган на церемонијата на отворање изјави дека рафинеријата “Стар” дополнително ја зајакна стратешката димензија на турско-азербејското братство.

Оценувајќи го овој проект како најголем и поединечен во контекст на домашното производство, Ердоган изјави дека овој чекор ќе ја намали зависноста на Турција од увозот на нафта.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев изјавил дека Турција стана светска сила благодарение на раководството на претседателот на државата Реџеп Тајип Ердоган.Image may contain: 8 people, people standing, suit and outdoor

“Турција, благодарение на раководството на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, стана светска сила, Турција е присутна во светот денес, што е многу пријатно за нас, а силата на Турција е нашата сила”, изјавил Алиев.

Рафинеријата Стар ја изгради компанијата  SOCAR Турција, подружница на азербејџанската државна нафтена компанија SOCAR.

Инвестицискиот проект “Рафинерија Стар” е еден од најголемите нафтени проекти кои се спроведуваат во Европа, Средниот Исток и Северна Африка во последниве години.

Покрај тоа, Рафинерија Стар е најголемата инвестиција во приватниот сектор во Турција на едно место.Image may contain: 3 people, people smiling, people standing and suit

Вкупните трошоци на рафинеријата, чија изградба започна во 2011 година, чинеа Image may contain: 1 personоколу 6,3 милијарди долари.