Turkish Airlines ќе вработи 500 пилоти

0
194
Државната турска авиокомпанија Turkish Airlines ќе вработи 500 пилоти, а се очекува дека бројот на нови пилоти до крајот на 2018 година да достигне 1.100, изјави Билал Екси, извршен директор на компанијата, пренесе Агенција Анадолу (АА).
Екси во четвртокот изјави дека 500 пилоти, меѓу кои 41 капетан и 286 први офицери ќе бидат обучени во компанијата.
– Фактот што повеќето  пилоти се Турци ја покажуваат важноста на Turkish Airlines за турската авијација “, изјавил Екси.
Turkish Airlines шест години по ред од 2011 до 2016 година прогласен е за најдобра авиокомпанија во Европа, па дури девет пати по ред до 2017 година,за најдобра авиокомпанија во јужна Европа.
Turkish Arlines е основана во 1933 година и лета на повеќе од 300 дестинација во повеќе од 120 земји со флота од 330 авиони. Според наводите од компанијата планирано е до 2023 година да се состои од над 500 авиони.
Минатата година, Turkish Airlines превезуваа 68,6 милиони патници со 79,1 процент пополнетост на седиштата.