Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ќе поддржи секаков договор на Србите и Албанците во дијалогот за Косово, соопшти канцеларијата на српскиот премиер.
Имено, српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.
Ердоган изјавил дека очекува Вучиќ да биде негов гостин на прославата на Денот на Турција на 29-ти октомври, кога ќе биде отворен третиот аеродром во Истанбул.
Тие се согласија да ги “потпишат првите договори за изградба на патишта во Србија, особено патот Нови Пазар – Тутин”.
“Двајцата соговорници се согласија веднаш да започнат со подготовките за официјална посета на претседателот Ердоган во Србија во 2019 година”, се вели во соопштението.
Вучиќ и Ердоган се согласија дека Бошњаците кои живеат во регионот Рашка-полимската област или Санџак се “мост на соработка” помеѓу Србија и Турција.











