Ердоган и Вучиќ остварија телефонски разговор

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган имаше телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Според извор од канцеларијата на турскиот претседател, Ердоган и Вучиќ разговарале за билатералните односи, како и за важноста за зачувување на мирот и просперитетот во регионот.

За време на разговорите била потврдена решителноста на понатамошните зајакнување на односите меѓу Турција и Србија во сите полиња.

Двајцата претседатели потсетиле дека во 2019 година се одбележува 140-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја важноста на механизмот на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Србија.

You may also like