Русија нема да чека да биде исфрлена од Советот на Европа, туку самата ќе ја напушти ова организација, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
За време на интервјуто со Еуроњус, тој изјавил дека Русија се приклучи кон Советот на Европа под претпоставка дека оваа организација обезбедува пан-европски, универзален и правен хуманитарен простор.
“Оние кои овој простор токму го загрозија со противзаконските постапки и го прекршија статутот, со тоа што на руската делегација не и дозволија да биде еднаква со останатите делегации, убеден сумд ека знаат што прават“, рекол Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи истакнува дека Москва нема да му даде такво заоволство на Советот на Европа да ја исфрли Русија од организацијата, туку руската страна сама ќе ја напушти, пренесе Спутник.
Лавров истакна дека Русија ќе го плати својот дел од буџетот на организацијата, штом на руската делегација ќе и бидат вратени овластувањата во рамките на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд претходно изјави дека буџетот за следната година ќе се направи без Русија и дека Москва би можела да биде исфрлена од Советот.
Извор:(Vijesti)










