Главниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул ја напушти Турција

0
227

Главниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул, Мухамед ел Утејби, ја напушти Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиние од надлежните, саудискиот главен конзул во Истанбул, Утејби, во 17.00 часот по локално време со авион тргна кон својата земја.

Се предвидува спроведување истрага во резиденцијата на саудискиот главен конзул во Истанбул во врска со случајот на исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.