Ердоган: „Не ни требаат бирократи кои се плашат за позицијата“

0
216

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара порача дека на Турција не ѝ требаат бирократи кои се плашат за своите позиции, туку оние кои се борат и вложуваат напор во исполнувањето на своите обврски и одговорности, јавува Anadolu Agency (AA).

„Потребни ни се бирократи кои не се грижат за своите позиции, туку оние кои произведуваат, кои се борат и ги вложуваат сите напори за да ги исполнат своите обврски и одговорности. Секој оној кој преминал во состојба на пасивност за да не ја изгуби својата позиција нека знае дека престанал да биде дел од нашата екипа. Во случај да добиеме такви жалби, никому нема да простуваме“, порача Ердоган.