Во невремето што ја зафати јужна Франција загинаа 13 лица

0
173

Најмалку 13 лица смртно настрадаа како резултат на обилните врнежи од дожд и водените буици што го зафатија подрачјето на Од, во Јужна Франција, јавува Anadolu Agency (AA).

Од француското Министерство за внатрешни работи е соопштено дека се хоспитализирани пет лица, кои се тешко повредени во невремето.

Се истакнува дека привремениот министер за внатрешни работи, Едуард Филип, го посетил погоденото подрачје каде што, според првичните информации, околу 10.000 домаќинства немаат електрична енергија.

Официјалните податоци покажуваат дека во Треб загинале девет, во Вилегаианк две, и во Вилардонел и Вилалиер две лица.

Во соопштението се додава дека пет хеликоптери постојано надлетуваат, со цел пронаоѓање на лицата што се заробени во невремето. На терен се и противпожарните и жандармериските екипи, како и војската.

Поради водените буици и поплавите во околу 20 градови е прогласен црвен метеоаларм.

Евакуирано е гратчето Пезан, во кое живеат околу илјада жители, поради опасност од попуштање на блиската брана.

Канцеларијата на гувернерот на департменот Од соопшти дека нивото на водата во голем број домаќинства и деловни објекти достигнала висина од 1,5 метар.

Откажани се железничките линии меѓу Нарбон и Каркасон, а евакуирани се голем број мали населени места. Жителите се сместени во спортски сали и простории на општината.

На подрачјето е прекината наставата, а до жителите се апелира да останат во своите домови.

Од невремето е причинета материјална штета на бројни мостови, а експертите соопштија дека толкаво количество врнежи на споменатото подрачје не се забележани од 1891 година.