ТУРЦИЈА/Случај Кашоги: Медиумите открија каде завршило телото на саудискиот новинар

0
452

Турција и Саудиска Арабија вечерва започнаа заедничка истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги.

Но, турската полиција веќе започна да ја проверува и верзијата дека опозицискиот саудиски новинар бил убиен откако неколку дена бил орутворен во саудискиот конзулат во Истанбул.

Според оваа верзија, неговото тело потоа било растворено во киселина за да се одстранат доказите за убиство.

Верзијата која анонимен извор му ја дал на телевизискиот канал Хабертурк во почетокот изгледала фантастична, ама како истрагата се одолговлекува турските полициски агенции, не го исклучуваат и тоа.

Започнувањето заедничка истрага на Анкара и Ријад е чекор што следеше еден ден откако телефонски разговараа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и саудискиот крал Салман бин Абдулазиз.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска изјави дека истото за ово случај ќе се разговара и на состанокот на министрите за надворешни работи на членовите на таа организација, кој почнува во Луксембург.

Владите на Велика Британија, Франција и Германија вчера упатија директен приговор до властите на Саудиска Арабија и побараа целосен и детален одговор на исчезнувањето на новинарот Џамал ​​Кашоги.