Во Брисел беше постигнат договор за повлекување на Британија од ЕУ кој ќе обезбеди безбеден премин на Лондон од блокот со преоден период кој ќе ги спречи економските потреси, изјавиле тројца неименувани дипломати од европскиот блок.
Интернет порталот “Политика” пишува дека индикациите за можен договор се појавија кога британската канцеларија за излез од ЕУ објави кратко соопштение дека министерот за Брексит Доминик Раб непланирано ќе замине за Брисел.
“Се уште треба да се решат неколку прашања, вклучувајќи ја и границата со Северна Ирска. Се договоривме дека е неопходно да се одржат директни разговори пред состанокот на Европскиот совет”, се вели во соопштението.
Неименуваните дипломати на ЕУ изјавија дека состанокот на амбасадорот на Европскиот блок е закажан за подоцна вечерва.
Тројцата дипломати потврдија дека состанокот се одржува за да им овозможи на амбасадорите да имаат увид во почетокот на договорот за повлекување на Британија од блокот.
Друг дипломат посочи дека договорот е постигнат само на ниво на преговори и дека уште многу повеќе од тоа може да се смени.
Претставникот на Европската комисија не сакаше да коментира за извештајот “Политика”, истакнувајќи дека се во тек разговори.










