ТУРЦИЈА: Во превртување на камион загинале 22 лица

by Administrator

Најмалку 22 лица загинаа, a 13 се повредени во сообраќајна несреќа која се случи утринава во западната турска провинција Измир, објави Агенцијата Анадолу (АА).

Несреќата се случила во областа Мендерес, кога се превртел камион кој патувал од насоката од местото Ајдин.

Неименуван извор известува дека настрадале нерегистрирани мигранти кои патувале скриени во камионот.

Меѓу жртвите има и деца, а полициски, амбулантни и другите надлежни служби излегле на местото на несреќата.

Турција е една од главните рути во кои нерегистрираните мигранти се обидуваат да стигнат до Европа, особено од 2011 година и почетокот на војната во Сирија.

Извор:faktor

You may also like