Синоќа во Белград во својата 79-та година почина Милена Дравиќ

0
163

Најзпознатите улоги ги оствари во филмовите Козара, Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ, Работа на одредено време, Мојот татко на одредено време, Секула повторно се жени Не е лесно со мажите и со Зона Замфирова.

Таа е исто така позната како наставник од култната серија “Приче од Непричаве”, Вера од Полицајац од Петлово Брдо, потоа како Вукосава Петровиќ и Споменка од ТВ-комедијата Театар во Домот и Луд, збунет, нормален.

Актерката Милена Дравиќ почина синоќа во 79 -та година во Белград. Актерката почина во Клиничко-болничкиот центар Бежанијска коса

Како што пренесуваа српските медиуми, на актерката во последниве денови и` било многу лошо, а лекарите вложувале напори да ја спасат.

Милена Дравиќ е една од најпознатите и истакнати српски актерки.

Роденa е на 5 октомври 1940 година.

Играше во речиси преку сто филмови.

Милена Дравиќ е добитник на најпрестижните награди во филмскиот свет.
Таа ја освои наградата за најдобра споредна женска улога на Канскиот филмски фестивал, специјални награди “Златна роза” на Венецискиот филмски фестивал, најпрестижните српски награди “Добриќин прстен“ и “Жанка Стокиќ“ за целокупниот придонес за југословенската и српската кинематографија, наградата “Јоаким Вујиќ“, наградата “Павле Вуисиќ“ Филмски средби во Ниш, четири Златни чурки на Деновите на комедијата во Јагодина, и дури рекордни десетте Златни арени на Филмскиот фестивал во Пула.