Фасцинантен Dubai Garden Glow: Кој вели дека магијата не постои?

0
197

Доколку сакате да поминете интересно попладне и вечер на необично место, нека вашиот избор падне во Dubai Garden Glow (DGG).Магичната четврта сезона ветува најдобра забава досега; Темата е “Големиот сафари”, па затоа очекувајте бројни животински скулптури.

Ниту оваа година нема да изостане отворањето на “Ice Park” со многу прекрасни скулптури од мраз насреде пустината, а новина е “Арт Парк” со изложби на животни направени од рециклирани материјали – пластични шишиња и користени ЦД-а.

Ако се суди според досегашната посетеност и интерес на посетителите, ова сезона ДГГ ќе посетат половина милион луѓе.

DGG е основана во 2015 година и на негова реализација работаат  повеќе од 500 еминентни мајстори, инженери и архитекти. Различните концепти на поставките што може да се видат во овој магичен парк се резултат на синергијата на науката и креативноста. Покрај креативните инсталации, ДГГ е домаќин на бројни концерти и изведби на млади таленти кои живеат во Обединетите Арапски Емирати. Организаторите посветија посебно внимание на најмладите, обезбедувајќи им посебна зона за интерактивна забава.

Ако огладнете – не грижете се; Постои голем павилјон каде што можете да купите храна од целиот свет.

Работното време на DGG е од 16 до 23: 30ч од сабота до четврток, а во петок и за време на државните празници од 16ч до полноќ. Цената на билетот е 65 AED, а доплата за посета на “Ice Park” е 45 AED. Децата до три години можат слободно да посетуваат.