Улица во главниот град на Турција, Анкара, каде се наоѓа седиштето на Амбасадата на САД, е именувана по Малколм Х, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Во изјавата на Администрацијата на градот Анкара беше наведено дека, на седницата на Градскиот совет на Анкара, покрај другите теми, било дискутирано и за темата за давање на името на улицата во областа Чанкаја, по Малколм Х.
Со едногласна одлука на комисијата било договорено дека името на улицата “1478”, во маалата Чукурамбар, во областа на Чанкара, да се смени во “Малколм Х”, се вели во соопштението.
Градот Анкара потсети дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно изјавил дека името Малколм Х ќе живее во главниот град на Анкара, и било одлучено едното од улиците да го носи неговото име. Нагласено е дека станува збор за улицата во која се наоѓа зградата на американската амбасада.
Малком X, кој остана запаметен како лидер меѓу муслиманите во Соединетите Американски Држави на 20 век, беше борец против расизмот и еден од највлијателните Афроамериканци.
Малком беше убиен во 1965 година додека зборувал во Њујорк во кој го критикуваше Елија Мухамед. Малком беше убиен од тројца мажи кои се покажале како членови на нацијата на исламот. Сите тројца беа осудени и затворени.
Извор:faktor










