Одговор од Ердоган до Трамп: Турското правосудство донесе независна одлука во врска со Брансон

0
504

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му одговори на американскиот претседател Доналд Трамп, преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер.

Ердоган истакна дека турското правосудство донесе независна одлука во врска со американскиот свештеник Ендрју Брансон.

Претседателот Ердоган во својот пост: “Господине претседател, како што нагласувам секогаш, турското правосудство донесе независна одлука. Се надевам дека САД и Турција ќе продолжат да соработуваат онака како што им доликува на две сојузнички земји и да водат заедничка борба против терористичките организации, а пред се против ПКК, ДЕАШ И ФЕТО.”

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп во врска со ослободувањето на свештеникот Брансон на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: “Ќе биде извонредно повторно да го видам него (Брансон). Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Ердоган за помошта.”

Американскиот свештеник Ендрју Крег Брансон кој беше обвинувн за извршени кривични дела и вршење шпиунажа во име на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и сепаратистичко-терористичката организација ПКК вчера по четврти пат беше изнесе пред судот во Измир и притоа беше осуден на затворска казна од 3 години 1 месец и 15 дена, но земајќи го во предвид времето поминато во затвор беше ослободен.

ТРТ