После средбата со Путин, Хабиб на средба и со Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров

0
524
Хабиб Нурмагомедов е првата тема во светот на боречките вештини после
спектаклот во Лас Вегас и победата против контроверзниот Ирец Конор Мекгрегор.
img 3015 1068x600

По освојувањето на титулата УФЦ, тој на прекрасен начин беше дочекан на стадионот Анжи,а неодамна имаше прием кај рускиот претседател Владимир Путин.

Нурмагомедов ја продолжи својата турнеја низ Русија и го посети Грозни,каде што беше специјален гостин на чеченскиот лидер Рамазан Кадиров. Притоа објавено е дека Хабиб станал почесен граѓанин на ова руска област.

– Многу му благодарам на Рамзан и цела Чеченија. Не можам да опишам со зборови колку сум ви благодарен и да го славиме Аллах, кој по патот на религијата нѐ направи браќа.

После напуштање на свечената сала, Кадиров, на Хабиб му ги врачил клучевите од луксузниот автомобил марка “Мерцедес“.

Ви благодариме за прекрасниот подарок и почитта која ми ја давате, изјавил шампионот во УФЦ категоријата, која ова посета ја искористил и за дружење со фановите.

Инаку, Рамзан Кадиров се смета за политичар кој донесе мир во Чеченија, после пактот со Владимир Путин. За западните медиуми тој е контроверзен политичар, диктатор и негативец. Во исламскиот дел на Русија има голема почит. Власта на наследи  од својот починат татко Ахмат.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=U19P9stNSXg[/embedyt]