Еврејските доселеници со камења убиле Палестинка на Западниот брег

0
198

Во напад на група на еврејски доселеници на Западниот брег, убиена е 45 годишната Палестинка Аише Мухаммед Ради, пренесува Анадолија Агенцијата (АА).

Еврејските доселеници со камења ги нападнале Палестинците во автомибил н југот на Наблус, притоа повреден е и сопругот на Ради кој се наоѓал во истиот автомобил.

Палестинката тешко била повредена во главата, така да и покрај напорите од страна на лекарите да ја спасат, таа им подлегнала на раните.

Спорд Палестински извори, повеќе од 700.000 еврејски доселеници моментално живеат во 169 населби  (изградени со дозвола на израелската власт), и повеќе од 200 населби (изградени без дозвола), на окупираното подрачје на Западниот брег.

Израелската политика, во врска изградбата на еврејските населби се смета за главна препрека за продолжување на мировните преговори помеѓу Палестина и Израел кои се прекинати во 2014 година.