Канада со 62,5 милиони долари, им помага на Палестинските бегалци

0
172
Канада ќе им помогне на Палестинците во Газа, Либан, Јордан и Западниот брег со 62,5 милиони долари.
Канадската министерка за меѓународен развој, Мари-Клод Бибу, соопшти дека палестинските бегалци се соочуваат со големи проблеми како што се невработеноста и недостигот од храна.
Таа смета дека Канада ја поддржува стабилноста во регионот, со тоа што помага  во исполнување на хуманитарните потреби Палестинците. Канадската министерка потврди дека со писредство на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работни места за палестински бегалци (UNRWA), ќе обезбеди помош од 50 милиони долари за две години.
За палестинските деца ќе бидат издвоени 12,5 милиони долари. Бибу истакнала дека помошта на Канада ќе придонесе за подобрување на животите на милиони палестински бегалци и заштита на човечкото достоинство. Тоа ќе помогне, меѓу другото, да се едуцираат стотици илјади деца, да се едуцираат наставниците и да се поддржат здравствените клиники.
Според последните податоци, Канада од 2016 година до денес за ваквите активности помогнала со 172,5 милиони долари.
Извор:(Vijesti / AA)