Американскиот свештеник Ендрју Крејг Брансон ја напушти својата резиденција во Измир и со приватен авион отпатува во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Турција денеска го осуди американскиот свештеник Ендрју Крејг Брансон на три години, еден месец и 15 дена затвор, но истовремено му се укинати мерки за забрана, куќен притвор и напуштање на земјата, со што Брансон излегува на слобода.
Брансон е уапсен на 9 декември во 2016 година и од тогаш се наоѓа во притвор. Обвинет е за делување и шпиунажа во корист на терористичка организација ПКК и ФЕТО.
На барање на Обвинителството, судот во Измир на 18 јули му изрече мерка притвор во текот на судската постапка, но поради неговите здравствени проблеми, таа мерка е преименувана во куќен притвор.
Во обвинението кое го покрена Обвинителството во Измир се наведува дека бил во контакт со членовите на терористичката организација ФЕТО.











