ГЕРМАНИЈА / Автобус полн со туристи се забил во камион, 35 лица повредени

0
272
Автобус кој превезувал 30 туристи од Австралија, Канада и САД се судрил со камион во близина на Хајделберг, Германија.
На местото на несреќата биле испратени пет спасувачки хеликоптери и седум амбулантни коли, објавија агенциите.
Сообраќајот бил прекинат неколку часа, а повредени се возачите на автобусот и камионот, додава агенцијата.
Германската телевизија SWR објави дека вкупно 35 лица се повредени, а четворица се во критична состојба.
SWR додава дека автобусот преминал на спротивната лента и се судрил со камионот.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=NW17s_-CIeU[/embedyt]