Турски официјални лица поседуваат аудио и видео докази дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил измачуван и убиен во зградата на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, јавува дописникот на Би-Би-Си.
Кашоги, критичар на саудиската влада, не бил виден откако влегол во зградата на Конзулатот на 2 октомври.
Турската разузнавачка служба има “документирани докази” за убиството, соопшти извор близок до истрагата.
Саудиска Арабија ги негира овие обвинувања и тврди дека новинарот ја напуштил зградата.
Исчезнувањето на Џамал Кашоги и наводите за неговото убиство предизвика меѓународен скандал и влијаеше на инвестициите во Саудиска Арабија.
Последните извештаи покажуваат дека нападот врз новинар се случил во зградата на конзулатот.
Турскиот безбедносен извор го потврди постоењето на аудио и видео снимки на Би-Би-Си. Не е познато дали некој друг освен турски функционери ги разгледал овие снимки.
Еден извор цитиран од страна The Washington Post, изјави дека можело да се слушне на снимката кој покажува дека луѓе го удираат на Кашоги. Тој додава дека снимките покажуваат дека тој бил убиен и дека неговото тело е распарчено.
– Можете да го слушнете неговиот глас и други гласови како зборуваат на арапски јазик. Можете да слушнете како е испрашуван, мачен и убиен – тврди изворот.
Кашоги беше колумнист во Вашингтон Пост.
Претходно, водечкиот турски колумнист Кемал Озтурк, за кој се смета дека е близу до владата, изјави дека постои снимка од моментот кога Џамал Кашоги бил убиен.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)











