Oфицијално пуштен во функција брзиот воз на линија Мекка-Медина

0
1188

Денес официјално е отворена најновата брза железничка линија помеѓу саудиските градови Мека и Медина.
Железничкиот систем Харамаин ќе превезува патниците на линијата Мека-Медина 450 километри, кој со брзина од 300 километри на час ќе оди преку Џедда.

Според пишувањето на саудиските медиуми, два возови со 417 патници утрото тгнале од Мека и Медина во 8 часот по локално време, пренесе Анадолија.

Железничката линија ја отвори саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на 25-ти септември, што локалните представници го опишуваат како најголем сообраќаен проект во регионот.

Новиот брз воз ќе го намали времето на патување на релацијата Мека-Медина од неколку часа на час и 20 минути.

Оваа железничка линија чинела повеќе од 16 милијарди долари.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)