Ердоган ја објави новата инвестициска програма на Турција

0
398

Денес во Службениот весник на Турција е објавен указот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган под наслов „Подготовките за Инвестициската програма за периодот 2019 – 2021“, односно одлуката за новата инвестициска програма, јавува Anadolu Agency (AA).

Во преамбулата претседателот Ердоган истакнува: „Турција ќе имплементира нова економска програма, со цел зачувување на макроекономската стабилност, пораст на производството и благосостојбата.“

Ердоган додава дека приоритетите на Турција се да се сочува стабилноста на цените, да се редуцира инфлацијата, како и понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина.

Нагласувајќи дека главната цел на Турција е намалување на јавните расходи и намалување на инфлацијата, турскиот претседател понатаму истакнува дека новите проекти нема да бидат вклучени во Инвестициската програма за 2019 година, освен во задолжителните случаи во рамките на мерките за штедење.