Уште еден доказ, Кашоги влегува во Саудискиот конзулат, а потоа доаѓа црно комбе

0
435

 

Приватна турска телевизија, “Njuz čenel 24”, објави видео од исчезнатиот писател и новинар Џамал ​​Кашоги, како влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

На тоа видео, исто така, се гледа и црно комбе, кое подоцна оди во куќата на Конзулот.

ТВ-станицата, блиска до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, укажува дека Кашоги бил во црното комбе “Мерцедес Вито”, објави АП.

Се тврди и тоа дека комбето се движело некаде околу два километри до домот на конзулот и потоа влегло во гаражата.

Турските представници тврдат дека Кашоги бил убиен во конзулатот минатата недела, додека пак Судиска Арабија таквите тврдења ги отфрла како неосновани.

Кашоги (59) исчезна пред една недела, откако влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да добие документи потребни за склучување на брак со својата турска свршеничка.

Турски официјални лица стравуваат дека е убиен во комплексот на конзулатот, додека саудиските власти велат дека тој ја напуштил зградата неповреден, ама не обезбедија докази дека тој некогаш ја напуштил зградата. Сликата на Кашоги што влегува во конзулатот претходно беше објавена од страна на Вашингтон пост, за кого работеше овој новинар.
Kaшоги ја напушти Саудиска Арабија минатата година, откако ги критикуваше саудиските политики во Јемен и притисоците кои се вршат врз критичарите на власта.