Во областа Мерзифон, Амасија, родено е бебе со девет заби. Докторот од Државната болница во Амасија, при контрола на бебето Елиф Нур, забележал дека е родено со девет заби. Неговата мајка Седа Кар има 30 години. На почетокот семејството Кар било загриженo и збунетo, но му олеснило откако по контролата на докторите дознало дека бебето е во добра здравствена состојба, пишува Anadolu Agency (AA).
Поради опасноста двата предни заба да паднат и да навлезат во дишните патишта, што би предизвикало смрт кај бебето, стоматолозите одлучиле да ги извадат двата предни заба на бебето.
Д-р Селчук Сезикли, главниот доктор на Државната болница во Мерзифон, во изјавата за АА истакна дека тоа било прво породување на мајката и дека бебето е родено со природен метод.
„Во нашата болница вчера е родено женско бебе со заби. Ова е ретка ситуација“, рече доктор Сезикли, и додаде:
„Секако дека во светот и порано имало таква ситуација. Но разликата е во тоа што бројот на забите е повеќе од два. Во претходните случаи обично имало два предни заба. Нашето девојче има девет заби. Предните два заба на бебето биле многу изразени, и поради ризикот за здравјето на бебето, стоматолозите интервенираа. Постоеше ризик двата заба да паднат и да го загрозат животот на бебето. Затоа стоматолозите ги извадија. Ова и за нас е прв случај. Со години наназад тука се раѓаат деца, но со ваков случај за првпат се среќаваме. И ние бевме збунети.“
Д-р Шенол Ќучук, специјалист за гинекологија и акушерство, истакна дека се многу збунети и дека за првпат се среќаваат со ваква ситуација.
„Во долното непце кај девојчето видовме таканаречени натални заби. Оваа појава е многу ретка. Досега кај новороденче најчесто во долното непце се забележувале два млечни заба. Кај ова девојче различно е тоа што не станува збор за два-три заба, туку за повеќе. Двата предни заба беа многу големи, имаше ризик за здравјето на бебето, затоа се интервенираше веднаш. На тој начин се оневозможи бебето да ги проголта тие заби или пак да паднат во грлото. Бременоста на пациентката била следена во Државната болница за акушерство и гинекологија во Мерзифон, „Кара Мустафа Паша““, истакна д-р Кучук.
Бебето е родено со тежина од 2 килограми и 800 грама и со висина од 48 сантиметри.









