УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов денес се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, при што лидерот на Нурмагомедов му честитал на неговата победа над Конор Мекгрегор – кое Путин ја опиша како “достојна и убедлива”.
Двајцата, наводно, се состанаа на маргините од форумот “Русија – Земја на спортот” во градот Уљановск во средата.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=9gDntUQldhg[/embedyt]
Снимките од средбата покажале дека Нурмагомедов и неговиот татко и тренер, Абдулмап, разговарале со Путин на заедничка средба која ја иницирал Путин, средба која поминала со разговор покрај маса со чај и разни деликатеси.
Путин истакнал дека во Русија сите внимателно ја следеле борбата на Нурмагомедов во Лас Вегас и со се срце се радувале на победата.
На средбата, Путин од таткот на Нурмагомедов побарал, да не го казнува својот син заради ноговите постапки после борбата, кога Хабиб сакаше да се пресмета и со тимот на Конор, бидејќи секој кој го сака семејството, религијата и својата земја , би го направил истото, истакнал Путин.
“Ќе го замолам да не те казнува премногу строго, затоа што вие ја постинавте главната задача, достојно и убедливо”, изјавил Путин, притоа надополнувајќи:
„Ако сме нападнати однадвор, тогаш не само тој, туку и секој друг ќе се обиде да се одбрани. Секако, подобро е до ова да не дојдеше“, потенцирал Путин, за скандалот кој изби по борбата во Лас Вегас.
Потсетуваме, по убедливата победа на Дегестанецот над Мегрегор во саботата, Путин по пат му се јавил на Хабиб и му честиташе за “вредната и убедлива“ победа, а на средбата во Уљановск, Путин истакнал дека секој би го направил истото.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=sDnTIhYX5J0[/embedyt]
Извор: RTASPORT











