Турскиот претседател Ердоган допатува во посета на Унгарија

by Administrator

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на официјалната посета на Унгарија допатува во Будимпешта, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган и неговата делегација на аеродромот „Франц Лист“ беше пречекана од заменик-министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Левенте Маѓар, амбасадорот на Унгарија во Анкара, Габор Киш, амбасадорот на Турција во Будимпешта, Ахмет Акиф Октај, и други официјални претставници.

Во делегацијата на турскиот претседател се наоѓаат неговата сопруга Емине, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерката за трговија, Рухсар Пекџан, министерот за транспорт и инфраструктура, Мехмет Џахит Турхан, заменик-претседателот на Партијата за правда и развој (АК Партија), Џевдет Јилмаз, шефот на Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, и портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.

Турскиот претседател Ердоган, потоа, во Претседателската палата во Будимпешта, со свечена церемонија беше пречекан од страна на унгарскиот претседател Јанош Адер.

You may also like