Саудискиот амбасадор во Анкара повикан на разговор во турското МНР

by Administrator

Министерството за надворешни работи на Турција вчера го повика на разговор амбасадорот на Саудиска Арабија во Анкара, Велид бин Абдулкерим ел Хирејџи, и до него го упати очекувањето за целосна соработка во истрагата за новинарот Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од дипломатски извори, турскиот заменик-министер за надворешни работи, Седат Онал, вчера го повикал амбасадорот Ел Хирејџи на разговор во Министерството.

Според изворите, за време на разговорот до саудискиот амбасадор е упатена порака за целосна соработка во истрагата за исчезнатиот саудиски новинар, Кашоги.

Вереницата на Кашоги, Н.А., која е последната личност со кого се сретнал Кашоги минатиот вторник, истакна дека до пред зградата на Конзулатот биле заедно, и тврди дека Кашоги не излегол од зградата откако влегол внатре.

Главниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул ги негираше овие тврдења, велејќи дека Кашоги дошол во Конзулатот, а потоа излегол.

Саудискиот амбасадор Ел Хирејџи, исто така, и на минатата средба беше повикан на разговор во турското МНР за состојбата на Кашоги.

You may also like