На децата во Гостивар им е поделено списанието „Minika Go” од Турција

0
492

о учеството на турската амбасадорка во Македонија, Тулин Еркал Кара, во Гостивар беа поделени примероци од списанието „Minika Go” на турската медиумска групација „Туркуваз” за учениците од основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк” во овој град, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на манифестацијата „Minika Go се среќава со децата од Балканот“, на која беа поделени примероци од списанието за деца „Minika Go“, покрај амбасадорката на Република Турција во Македонија, Еркал Кара, учество зедоа и претставникот на медиумската групација „Туркуваз“ за Балканот, Фуркан Хајкир, директорот на училиштето, Октај Нуредин, претседателот на Извршниот одбор на „Халкбанк АД Скопје”, Билал Суџубаши, претставници од турски институции и организации во Македонија и наставници и ученици од училиштето.

Амбасадорката Еркал Кара, на учениците кои извикуваа „Турција“ и „Реџеп Таип Ердоган“ им рече: „Се гордееме со вас.“

Во своето обраќање, амбасадорката Еркал Кара изјави дека се собрале на оваа манифестација на дарување примероци од списанието за деца, со цел збогатување на колоритот на детската фантазија, проширување на хоризонтите за турската култура и литература.

Амбасадорката Еркал Кара истакна дека списанието за деца ќе биде повод децата подобро да се запознаат со мислителите и народните херои, како што се Деде Коркут, Јунуз Емре и Мевлана. Според амбасадорката Еркал Кара, приказните, игрите и фотографиите застапени во списанието за деца „Minika Go“, ќе дадат голем придонес за развојот на детската фантазија, нивните чувства и размислувања.

„Драги деца, нашата иднина вам ви е доверена“, рече амбасадорката Еркал Кара, која продолжи со зборовите: „Моја најголема препорака до вас е: Бидете заинтересирани, многу читајте, истражувајте и научете. Никогаш немојте да се откажувате од своите соништа и потрагата по нив.“

Обраќајќи им се на родителите, амбасадорката Кара рече дека е потребно тие да ги насочат своите деца кон образованието и кон вградување на љубовта кон читањето.

Амбасадорката Еркал Кара, заблагодарувајќи му се на членот на Управниот одбор на медиумската групација „Туркуваз“, Серхат Албајрак, истакна:

„Како Амбасада на Република Турција, како претставник на почитуваниот претседател на Турција, ви упатувам порака, немојте да го заборавите следното, вратите на Амбасадата на Република Турција секогаш се широко отворени за вас. Вие сте многу вредни за нас… Доколку имате каков било проблем, ве молам, немојте да се двоумите, немојте ништо да ве спречи да дојдете кај нас. Ви посакувам успех во иднина.“

По обраќањето, амбасадорката Еркал Кара, заедно со гостите ги прошета училниците и поразговара со учениците, делејќи им ги примероците на списанието.

Примероците на списанието за деца ќе бидат поделени и во други училишта во различни градови од земјата.