Салвини удри на ЕУ: Ги затвараме аеродромите

0
175

Италија ги затвора своите аеродроми за авиони кои без дозвола носат мигранти од Германија, порачал италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салдини.
Со ова изјава, како отценуваат агенциите дополнително го влоши спорот меѓу Италија и ЕУ за споделувањето на одговорноста за барателите на азил.
Италијанскиот весник “Република” пишува дека германската агенција за бегалци испратила “десетици писма” до мигранти, советувајќи им да се вратат во Италија, со чартер летови, а првиот трансфер е закажан за 9-ти октомври.
“Ако некои во Берлин или во Брисел сметаат дека десетици мигранти да се истоварат со нелегални чартер-летови, треба да знаат дека нема и нема да има достапни аеродроми”, истакнал за Ројтерс.
Италијанскиот министер објави дека властите на неговата земја ќе “ги затвораат аеродроми, како и пристаништа”.