Уредникот на „Вашингтон пост“: „Доколку Кашуги е убиен, тоа би било монструозен чин“

0
179

Тврдењата дека саудискиот новинар Џамал Кашуги е убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во турскиот град Истанбул, предизвикаа реакции во САД, пренесува Anadolu Agency (AA).

Уредникот на „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Фред Хиат, говореше околу тврдењата, базирајќи се на веста на „Ројтерс“ (Reuters) во врска со тоа дека Кашуги бил убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул. „Ако се точни вестите дека Џамал е убиен, тоа би претставувало монструозен и неодгатлив акт“, рече тој.

Според него, Кашуги е храбар новинар. „Се надеваме дека сѐ уште е таков. Тој пишува со чувство на љубов кон неговата земја и длабока верба во човечкото достоинство и слобода. Беше почитуван во неговата земја, на Средниот Исток и во светот. Бевме многу горди што ги објавувавме неговите написи“, нагласи Хиат.