Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара изјави дека Турција ја затворила страницата на ММФ за веќе да не ја отвори повторно, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние страдаме од тие кои во најкритичните периоди се наоѓаа во редовите на непријателите, и од тие кои речиси им носат муниција за нивното економско и политичко оружје насочено кон нас“, истакна Ердоган.
Во врската со исчезнувањето на саудискиот новинар Кашуги по влегувањето во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, турскиот претседател рече: „Моите очекувања сè уште се позитивни. Се надеваме дека нема да се соочиме со несакана ситуација“.










