Холандското воено воздухопловство испратило два воени ловци Ф-16 да испратат патнички авион на компанијата КЛМ на линијата Абу Даби-Амстердам, во која еден агресивен патник започнал тепаќка, изјавила портпаролката на армијата Џоана Хелмондс.
“29-годишниот Американец станал агресивен откако му беше кажано да седи на негово место.Уследи тепачка, а членовите на екипажот и патниците успеале да го совладаат”, изјавила таа.
Неколку патници беа малку повредени.
Авионот Ербас А330-200 добил дозвола да слета на аеродромот Амстердам-Шипол каде полицијата веднаш го приведила бунтовникот, кој потоа бил испратен на психијатриски преглед.
Портпаролката на КЛМ, Хелен Маккинга, изјави дека холандската авиокомпанија “жали заради настанатиот инцидент” и дека кабинскиот персонал постапил според предвидената процедура.
Военото воздухопловство соопшти дека воените авиони ловци, вооружени со проектили, не се подигнуваат, освен во исклучителни околности.









