Општина Охрид и оваа година објавува Конкурси за доделување ученички и студентски стипендии.
Може да се пријават ученици од основните и средни училишта на подрачјето на општина Охрид за учебната 2018/19 година и редовни студенти од општина Охрид запишани на додипломски студии на државните универзитети во Р. Македонија и на државни универзитети во странство за академската 2018/19 година.
Краен рок за доставување на потребните документи е 31-ви октомври, а конкурсите во целост се објавени тука.
извор: Општина Охрид фото: архива










