Германија обележува 28 години од обединувањето

0
218
Германија ја прослави 28-годишнината од обединувањето на Источна и Западна Германија (ДДР и БД), а церемонијата се одржува во Берлинската оперска куќа Staatsoper.
Германија ја одбележува годишнината од процесот што, според чии зборови канцеларката Ангела Меркел, сé уште не е завршен.
Меркел, која пораснала во Источна Германија, изјави:
“Дваесет и осум години подоцна знаеме дека она што го нарекуваме процес на германско единство е долг пат”.
Таа рече дека е важно за Германците да се слушаат едни со други.
Германија беше поделена повеќе од четири децении, а Берлин 28 години беше поделен со ѕидот на срам, кој се ‘уште го нарекуваа Берлински ѕид. Неговото уривање на 9 ноември 1989 година му претходи на обединувањето на Германија и симболот на крајот на Студената војна. Германија официјално беше обединета на 3 октомври 1990 година.
Извор:(Vijesti / AA)