32
Градоначалникот на еден мал град на југот на Италија, кој стана модел за интеграција на мигрантите, ставен е во домашен притвор под сомневање за помагање на илегалната имиграција.
Градоначалникот на Риас, Доменико Лучијано, бил уапсен како дел од истрагата за трошење на околу половина милион евра јавни пари за сместување на бегалци и баратели на азил.
Властите велат дека истрагата, исто така, вклучува наводи за лажни бракови со цел жените-мигранти да останат во Италија, како и формирање на здруженија преку кои мигрантите се вработувани.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салдини, познат по својот тежок став кон мигрантите, го поздрави апсењето на градоначалникот.
“Што велат сега оние доброчинители кои скаат да ја наполнат Италија со мигранти”, прашал Салвини на Твитер.
